zaporozje pod ruska kontrola

05.04.2023 Скопје

Украинско беспилотно летало од полско производство, тешко повеќе од два килограми, се урна покрај окупираната нуклеарна централа Запорожје, која инаку е најголема нуклеарна централа во Европа.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, денеска треба да пристигне во руската ексклава Калининград. Оваа посета доаѓа една недела откако Гроси ја посети нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која е под контрола на руските сили од првите недели од војната.

Гроси постојано се залага за демилитаризирана зона околу најголемата нуклеарна централа, околу која од почетокот на руската окупација во неколку наврати паднаа гранати. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа околу нуклеарната централа.

Подготвено од М.Н.

About Author