https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3136571573259864&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

06.04.2023 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека постои можност за воено повлекување од градот Бахмут на истокот на земјата.

„За мене најважно е да не ја загубиме војската, доколку дојде до момент на уште поинтензивни настани и постои опасност да изгубиме војска, ќе има соодветни генерали кои ќе направат правилни одлуки на лице место. Сигурен сум во тоа“, изјави Зеленски за време на средбата во Варшава со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Зеленски додаде дека ситуацијата во Бахмут е „најтешка“ во целата земја.

Подготвено од М.Н.

About Author