13.04.2023 Скопје
Претседателот на црногорската општина Будва, Мило Божовиќ, е приведен во полициска акција која што денеска се спроведува во повеќе црногорски градови, пренесуваат тамошните медиуми.
По наредба на Специјалното државно обвинителство, Божовиќ е уапсен во неговата семејна куќа во центарот на Будва, а според сознанијата на медиумите, апсењата почнале утрово во 4 часот во Будва, Цетиње и Подгорица.
Од кабинетот на претседателот на општина Будва соопштија дека Божовиќ не е уапсен, туку дека Обвинителството го има повикано само на сослушување.
Подготвено од М.Н.