twiter logo

04.04.2023 Скопје

Денес корисниците на Твитер можеа да забележат дека наместо сината птица, традиционалното лого на оваа социјална мрежа, во левиот агол од нивниот екран има куче, популарниот „Доге“ од интернет мемињата.

Истиот симбол се користеше и за криптовалутата „Догекоин“, која некогаш ја промовираше Илон Маск.

Не е чудно што вредноста на оваа криптовалута скокна со промената на логото на Твитер, а за тоа секако придонесе следната објава на Маск.

Во последната објава Маск се осврна на стара размена на твитови со корисник на социјалната мрежа, во која го охрабрил да купи Твитер и да го замени логото на сината птица со иконата на популарното куче-мимичари.

Тоа е, значи, мистеријата за промената на логото на една позната компанија, а колку ќе трае, останува да видиме.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author