https://www.facebook.com/photo/?fbid=596502125846466&set=a.596502119179800

25.04.2023 Скопје

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ вчера го превезе милијардитиот патник.

Туркиш ерлајнс го награди патникот Мустафа Балчи, кој полета од Истанбул до југоисточната турска провинција Адијаман, со еден милион бонус милји.

„Никогаш нема да го заборавам ова искуство“, изјави Балчи.

Бонус милји може да се користат за летови, хотели, изнајмување автомобили и други делови од патувањето со Туркиш ерлајнс.

„Нашата компанија, која достигна една милијарда патници за 90 години од нејзиното основање, има за цел да превезе две милијарди патници до 2031 година“, рече претседателот на управата и извршниот одбор на авиокомпанијата, Ахмет Болат.

„Туркиш ерлајнс“ во моментов има 413 авиони и лета до 342 дестинации, од кои 289 се меѓународни, а 53 се во Турција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author