25.04.2023 Скопје
Турскиот министер за надворешни работи изјави дека напорите на Турција за евакуација на своите граѓани од Судан сè уште траат.
Мевлут Чавушоглу истакна дека речиси 1.500 луѓе „го напуштија Судан со автобус, а 640 стигнаа до соседна Етиопија, додека 189 ја минуваа границата кон Адис Абеба, главниот град на Етиопија“.
„Ја планираме нашата авионска рута, во моментов 850 луѓе се уште се на пат, утре ги испраќаме останатите наши граѓани со автобус“, рече Чавушоглу, додавајќи дека бил во контакт со неговиот етиопски колега за да ги олеснат граничните премини.
„Бидејќи не многу земји беа во можност да ги евакуираат своите граѓани, Турција исто така им помогна на 110 лица од 13 различни земји да излезат од земјата разурната од конфликтот“, рече тој.
„Нашата евакуација е малку зад распоредот бидејќи има конфликт насекаде; ние го следиме од момент во момент“, додаде тој.
Турски дипломатски извори соопштија дека во телефонскиот разговор, Чавушоглу и неговата етиопска колешка Демеке Меконен разговарале за евакуација на турските граѓани од Судан.
Турција во неделата започна со операции за репатријација во Судан за своите граѓани во услови на континуиран конфликт меѓу армијата и Силите за брза поддршка (РСФ) во земјата.
Турските државјани кои ќе стигнат до Етиопија, потоа ќе земат лет од главниот град Адис Абеба до Истанбул.
Судирите меѓу ривалските судански воени фракции продолжија во неделата и покрај 72-часовниот прекин на огнот за муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Има извештаи за експлозии и борби, особено околу воениот штаб и претседателската палата во главниот град Картум.
Најмалку 413 лица загинаа, а повеќе од 3.500 се повредени во Судан откако избија борби на 15 април меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка.
Подготвено од А.Ѓ.