27.04.2023 Скопје
Турција ги отфрли „неоснованите тврдења“ за здравјето на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Турција, Фахретин Алтун, соопшти дека претседателот Ердоган ќе присуствува на утрешното отворање на нуклеарната централа преку видео конференција.
Алтун додаде дека, ниту една дезинформација не може да го негира фактот дека турскиот народ стои покрај својот лидер и дека Ердоган и неговата Партијата за правда и развој се подготвени да победат на изборите на 14 мај.
Исто така и турскиот Центар за борба против дезинформации соопшти дека тврдењата објавени на некои профили на социјалните мрежи дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „имал срцев удар и бил хоспитализиран“ не ја одразуваат вистината, односно дека тие информации се неосновани и неточни.
Подготвено од М.Н.