мнт

03.04.2023 Скопје

По повод 78 години од првата премиера, Македонскиот народен театар – Скопје денеска организира трибина „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“.

Модератор ќе биде професорката Ана Стојаноска, а за значењето на драмскиот автор ќе зборуваат авторите: Јордан Плевнеш, Русомир Богдановски, Дејан Дуковски, Блаже Миневски и Сашо Димоски, чии драмски текстови се поставени во МНТ, како и Бранко Ставрев, режисер на најмногу претстави од македонски автори во МНТ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author