tramp vo sudnica se izjasnil kako nevin

05.04.2023 Скопје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше формално уапсен вчера во судот на Менхетен и се појави на суд, каде се изјасни за невин по сите 34 точки од обвинението поврзани со шемата за криење пари за време на изборите во 2016 година, по сослушувањето ја напушти судската зграда и се упати кон својот дом во Флорида.

Иако зборот „заговор“ не е спомнат ниту еднаш на 16-те страници од документот, обвинителот Брег се обиде да пренесе како Трамп и неговите најблиски соработници смислиле шема преку која се обидел да влијае на исходот од претседателските избори во 2016 година.

Адвокатот на Трамп даде изјава за медиумите, истакна дека Трамп бил фрустриран, вознемирен и разочаран но додаде дека поранешниот претседател сепак „нема да биде обесхрабрен од ова“.

Подготвено од М.Н.

About Author