27.04.2023 Скопје
TikTok започнува со отстранување на видеа кои го негираат постоењето на климатски промени.
Компанијата ја ажурираше својата политика за дезинформации поврзани со климатските промени.
Новата политика е насочена кон добро воспоставениот научен консензус за глобалното затоплување.
Според новите правила, сите клипови кои содржат дезинформации за климатската криза ќе бидат отстранети. Оваа промена се случува по влегувањето во партнерство со ОН. Какви ќе бидат воведени сите промени останува да видиме во наредните недели. Засега, познато е дека TikTok ќе постави нови функции за пребарување за да им помогне директно на корисниците кои ја бараат оваа тема. Како и кај YouTube, корисниците кои бараат тема за глобалното затоплување ќе бидат упатени на веб-страницата на ОН за климатски промени.
Партнерството со ОН сигурно ќе донесе други промени во политиките на TikTok. Кога и како ќе се спроведат останува да видиме. Ова партнерство ни кажува дека TikTok ќе ја преземе улогата на Twitter, кој повеќе не постои, и Facebook и Instagram, кои се дискредитирани.
Подготвено од А.Ѓ.