07.04.2023 Скопје
Египет започна интензивни контакти со САД, поради Израел и палестинските организирани групи за да се врати смиреноста по високиот меѓусебен напон.
Анонимни извори за националните телевизиските станици на Саудиска Арабија, изјавија дека Египет побарал од Израел да не непаѓа цивили и станбени области во Појасот Газа.
Според истите извори, египетските безбедносни претставници контактирале со Израел по неговата одлука да го бомбардира Појасот Газа, што укажува на одложување на посетите на египетските делегации на Газа и Тел Авив по воздушните бомбардирања и ракетни истрели.
Истите извори посочија и дека Израел, од своја страна, ги информирал посредниците дека воената ескалација зависи од одговорот на палестинските организирани групи и од лансирањето проектили. Од Палестина пак ги информираа посредниците дека ќе одговорат на секој напад или обид за атентат на нивните лидери.
Подготвено од М.Н.