telegram suspendiran vo brazil

27.04.2023 Скопје

Основниот суд во Бразил денеска издал наредба за суспензија на мрежата Телеграм низ целата држава, откако оваа платформа за пораки не им доставила на властите информации за неонацистичките групи кои се активни на неа.

Како дел од истрагата „за неонацистички групи присутни на социјалните мрежи, беше наредено суспендирање на Телеграм, со оглед дека оваа мрежа не одговори соодветно на барањата на судот“, изјави на прес-конференција министерот за правда на Бразил, Флавио Дино.

Оваа информацијата ја споделија француските медиуми од извори во бразилската Влада и правосудството.

Подготвено од М.Н.

About Author