tajvant industrija yageo sorabotka so republika severna makedonija

18.04.2023 Скопје

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски, денеска во Таипеи, Тајван, ќе потпише договор со „Јагео“ за нова инвестиција во Република Северна Македонија, вредна 205 милиони евра.

Станува збор за досега најголемата гринфилд инвестиција во земјава од нејзиното осамостојувањето, која ќе отвори околу 4 000 работни места, а производствените погони на „Јагео“ ќе бидат лоцирани во ТИРЗ Скопје и во ТИРЗ Штип.

„Јагео“ е основана во 1977 година и денес се смета за еден од најголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електрониката за широка потрошувачка (5G и телекомуникации).

Има 29 продажни канцеларии, 49 производствени локации и 20 центри за истражување и развој во 24 држави во Азија, Европа и САД, а брои 40 000 вработени.

Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на компанијата,каде прво е предвидено поздравни обраќања да имаат директорот Деспотовски и претставник на компанијата, а потоа, преку видео-конференциска врска, се очекува да се вклучи и премиерот на државата, Димитар Ковачевски.

Подготвено од М.Н.

About Author