25.04.2023 Скопје
Во најновиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, насловен како „Тестирање на отпорноста“, што беше тестиран денес во Скопје, се наведува дека растот на македонската економија годинава ќе изнесува 2,4 отсто, за 0,3 процентни поени помалку од есенската прогноза.
Ова е сепак пооптимистичко сценарио од она на Меѓународниот монетарен фонд за раст на БДП во нашата земја од само 1,4 отсто, што беше презентирано неодамна. Во однос на инфлацијата и девет институции се на иста линија – таа годинава ќе остане висока, и ќе изнесува 9,1 отсто.
Генерално, основната порака на Светска банка е дека Република Северна Македонија треба да посвети поголемо внимание на реформите, а политиките да се фокусираат на обновување на одржливоста и на отпорноста на шоковите за да се спречат идни уназадувања на растот.
Неопходно е подобрување на даночната дисциплина и проширување на даночната основа, како и потаргетирано користење на буџетските средства за поддршка на граѓаните и компаниите, односно нивно насочување кон оние на кои помошта им е навистина неопходна.
Во споредба со другите земји од Западен Балкан (Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина), Република Северна Македонија и годинава е меѓу земјите со најнизок раст, а за жал, и во наредните две години нема многу да се одлепи, што значи дека во однос на растот го губи чекорот и регионално, но исто така е значајно под потенцијалите на домашната економија која се проценува дека може да продуцира раст од околу 4,5 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.