13.04.2023 Скопје
Светска банка соопшти дека ќе финансира помош од 200 милиони долари за поправка на енергетската и топлификационата инфраструктура на Украина.
Се наведува дека и други партнери на Украина ќе обезбедат дополнителни 300 милиони долари како што се проширува проектот.
Грантот од 200 милиони долари ќе биде наменет за итни поправки на украински транзициски трансформатори, мобилни топлински котли и друга опрема за итни случаи, се наведува во соопштението.
Директорот на Светска банка, Дејвид Малпас, потсети на неодамнешната оценка на ММФ, дека обновата на Украина треба да биде околу 411 милијарди долари или 2,6 пати повеќе од очекуваниот бруто домашен производ (БДП) на Украина во 2022 година.
Оваа сума што ја пресметаа Обединетите нации, Европската комисија и Украина, покрај споменатата меѓународна финансиска организација, е значително повисока од проценката од 349 милијарди долари објавена во септември минатата година.
Светска банка претходно најави дека ќе испрати уште 2,5 милијарди долари помош за Украина. Тие средства, како што прецизираа, ќе бидат наменети за поддршка на основните услуги и функционирањето на Владата.
Подготвено од А.Ѓ.