svetska banka

06.04.2023 Скопје

Во низа документи објавени во јавноста во Албанија, дадени се дел од деталите за проект, кој се очекува да биде предаден на одборот на Светска Банка во септември оваа година.

Според документите, корисниците на проектот вклучуваат: 1) Сиромашни семејства кои моментално се корисници на економска помош кои ќе добијат дополнителна поддршка преку зголемена подобност и реформи за детски додаток; 2) нови семејства кои ќе имаат право да се приклучат на економската помош поради освежување на критериумите за исплатливост и методот на таргетирање, 3) корисниците на економската помош способни за работа кои ќе добијат дополнителна поддршка преку проширување на Програмите на Промоција за вработување (3300 корисници).

Проектот има три компоненти каде што компонентата 1 се фокусира на зголемување на вработеноста на корисниците на социјална помош и поддршка на нивната транзиција на пазарот на трудот преку предлагање проширување на услугите за вработување што им се нудат на корисниците на НЕ, во форма на интегриран пакет, заедно со подобрувања на квалитетот, и проценка на неговата цена-бенефит.

Компонентата 2 има за цел да ги подобри перформансите на системот за социјална помош преку обезбедување на одржување на достигнувањата или подобрување на претходните реформи во областите на проценка на економската помош и попреченост преку ревидирање на правилата за излез од шемата за корисници на економска помош, и зголемување на успешноста.

Компонентата 3 е за економската помош ко-бенефиции за зголемување на човечкиот капитал во идните генерации и зајакнување на капацитетите за социјална помош за проширување во време на шокови.

Компонента 1 има вредност од 15 милиони долари поделена на три други посебни поткомпоненти, Компонентата 2 има фонд од 24 милиони долари и има исто така вкупно три поткомпоненти, а Компонентата 3 одговара на поддршка за имплементација на проектот со вредност од 1 милион американски долари.

Пред неколку дена беше објавено дека новата заложба на Банката кон Албанија во следните четири години ќе биде во план од 900 милиони долари.

Подготвено од М.Н.

About Author