https://www.facebook.com/photo.php?fbid=631718245176741&set=pb.100050157143955.-2207520000.&type=3

25.04.2023 Скопје

Премиерот на Британија, Риши Сунак, сака да склучи договор со Европската унија за да им го олесни патувањето на граѓаните на Британија во Унијата.

Според плановите на Европската унија, кои што треба да се спроведат во 2024 година, државјаните на Британија и другите таканаречени државјани на „трети земји“ би можеле да ги земат биометриските податоци за да добијат ослободување од виза, но британската влада е загрижена дека нема да ги намали редиците на границите и бара целосен пристап до е-вратите на Унијата.

Пред неколку дена беше објавено дека еден од најпознатите возови во светот по 41 година го откажал патувањето од Лондон, бидејќи операторот на модерниот Ориент експрес решил да го откаже британскиот дел од рутата поради Брегзит.

Во февруари, Британија постигна договор со Европската унија за трговски аранжмани за Северна Ирска, која е предмет на правилата на ЕУ по Брегзит поради нејзината отворена граница со Ирска.

Прашањето се уште не е официјално отворено, но дипломатите неформално го покренуваат, објавија британските медиуми, повикувајќи се на информации од британски функционер.

Подготвено од М.Н.

About Author