https://www.flickr.com/photos/vladacg/51022392872/in/photolist-2mNiAjg-2mNb5DG-2mNiAfy-2mNgvUx-2mNjFgp-2mNjFgE-2mNjNhy-2mNiAga-2mNfcwv-2mNjFhm-2mNiAiu-2mNb5HQ-2mNiAkJ-2mNjFhX-2mNb5Gn-2mNfcy9-2kJEAvk-2mNjFfn-2mNgvWB-2mNiAgR-2kJEAxV-2kJEAyr-2kJF6RW-2kJEAwc-2kJEAxp-2kJF6NQ-2kJF6Np

03.04.2023 Скопје

Вицепремиерот Фатмир Битиќи изјави дека, и покрај сите нивни препораки воопшто не се намалиле цените на производите со субвенционираната цена на електрична енергија, и затоа мораше да се превземат мерки за замрзнување на цените на производите.

„Се водевме од побарувачката на производите кои најмногу се трошат и правевме анализи како да постигнеме цена која е прифатлива за сите“, истакна Битиќи.

Битиќи додаде дека договорот при субвенционирањето на цената на струјата бил стопанствениците да ги намалат цените на производите, со оглед на тоа што се намалуваат и цените на суровините на берзите.

Вицепремиерот додаде дека стопаствениците можеби нема да ја остварат очекуваната добивка која тие си ја зацртале, но во замрзнатите цени секако дека имаат профит, односно гарантирана маржа на добивка.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *