21.04.2023 Скопје
„Сите земји-членки на НАТО се согласија Украина на крајот да стане членка на Алијансата, но сега главниот фокус е да се осигура дека Киев ќе ја победи Русија“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Говорејќи пред состанокот на контакт групата за помош на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија, Столтенберг истакна дека откако ќе заврши војната во Украина, Киев мора да има застрашувачка сила за да спречи нови напади.
Одбранбените лидери на НАТО и партнерските земји се собраа денеска во Рамштајн за да и пружат дополнителна воена помош на Украина.
Подготвено од А.Ѓ.