04.04.2023 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата пред состанокот на НАТО министрите за надворешни работи изјави дека НАТО е тука да ги помага и поддржува сојузниците и „сега даваме помоп и поддршка на Република Северна Македонија за справување со различните видови на хибридни и сајбер напади“.
Столтенберг додаде дека при посетата на Скопје на тимот на Алијансата биле договорени низа на чекори со Владата на Република Северна Македонија за справување со ваквите закани, истакнувајќи дека овие чекори се и краткорочни и долгорочни, што НАТО и сојузниците ги преземаат за да ја поддржат Република Северна Македонија во бранењето против хибридните кампањи со кои се соочува.
Генералниот секретар на НАТО истакна дека НАТО и сојузниците се подготвени да дадат техничка поддршка на земјава, како и засилена соработка за борбата со дезинформациите.
Подготвено од А.Ѓ.