https://www.facebook.com/ssmmkd/photos/562113498760268

20.04.2023 Скопје

Под мотото „Работниците се државата“, ССМ објави проглас за работнички протест на 1 Мај.

Протестот ќе започне од 12 часот пред зградата на ССМ, а од Сојузот ги повикаа сите работници и граѓани да им се придружат и да им дадат поддршка.

„Недозволиво е вработените во јавниот сектор да немаат право на регрес за годишен одмор како нивните колеги и колешки во приватниот сектор. Недозволиво е да биде погазено работничкото достоинство и правото на пристојно работно време како цивилизациска придобивка, со воведување на 60 часовна работна недела заради исполнување на желбите на газди, функционери и поединци“, наведуваат од ССМ.

1 Мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, а на овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.

Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Подготвено од М.Н.

About Author