13.04.2023 Скопје
Српските ракометарки вчеравечер се пласираа на Светското првенство кое на крајот на годината се одржува во Данска, Шведска и Норвешка.
Српските ракометарки со одлична партија против Турција остварија триумф на домашен терен од 33:25 во вториот натпревар од баражот.
И во првиот натпревар српската репрезентација беше подобра од противниците на гостински терен 33:24.
Јована Стоиљковиќ беше најдобар стрелец кај Србија со седум гола, додека кај турскиот тим најефикасна Бејза Карчам со 10 погодоци.
Јована Стоиљковиќ, Кристина Лишчевиќ, Јелена Лавко, Кристина Граовац и Тамара Радојевиќ се простија од репрезентацијата на Србија на натпреварот против Турција.
26-то по ред Светско ракометно првенство во организација на Меѓународната ракометна федерација ќе трае од 29 ноември до 17 декември.
Тоа ќе биде трет пат во историјата на ракометот првенството да го организираат повеќе земји, а првпат во Шведска, а воедно и првпат да се игра во три земји.
Подготвено од А.Ѓ.