https://www.facebook.com/photo?fbid=615399940173156&set=pcb.615400270173123

24.04.2023 Скопје

На северот на Косово вчера во седум часот беа отворени избирачките места за локални избори во четири општини со српско мнозинство, но изборите беа бојкотирани со екстремно слаба излезност.

Изборите беа распишани откако градоначалниците на општините на север (Лепосавиќ, Зубин Поток, Северна Митровица и Звечан), сите членови на СЛ, поднесоа оставки во ноември минатата година во знак на протест против одлуката на косовската влада да ги пререгистрира автомобилите со таблички издадени во Србија со таблички Република Косово (РКС).

Европската унија ги повика сите партии на воздржаност пред локалните избори во четири општини на северот на Косово, додека водечката политичка партија на косовските Срби – Српска листа (СЛ), повика на бојкот, кој беше поддржан и од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија ги повика Србите во Косово да покажат колку се обединети, истакна дека властите во Приштина не можат да ги газат и додаде дека ЕУ има обврска да ги спроведе претходните договори за кои била гарант.

Подготвено од М.Н.

About Author