14.04.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија не извезувала и нема да извезува оружје и муниција во Украина и не продава на Русија или Украина, коментирајќи ги информациите од документите кои протекоа во Вашингтон.
Британската агенција пред некој ден објави дека Србија, иако единствена земја во Европа која одби да се приклучи на санкциите против Русија поради инвазијата на Украина, се согласила да испорача оружје на Киев или веќе го испратила.
Вучиќ изјави дека муницијата од Србија за руско-украинскиот конфликт може да дојде од трета страна, Србија ќе извезува муниција само во согласност со меѓународните правила и нема да користи ситни приказни кои служат за понижување на Србија, истакна Вучиќ.
Вучиќ во своето обраќање ги коментираше и тензиите со Косово, предизвикани во последните денови со ранувањето на Србин од северот, поради што беа суспендирани четворица косовски полицајци, и истакна дека секој конфликт ќе значи конфликт со НАТО, а не со Приштина.
Српскиот претседател Вучиќ, исто така најави дека во наредните денови очекува покана од Брисел за средба на највисоко ниво во продолжение на дијалогот со Приштина.
Подготвено од М.Н.