https://www.facebook.com/PresidentDonaldJTrump2017/photos/3414279438794150

07.04.2023 Скопје

Американците се поделени околу обвинението на поранешниот претседател Доналд Трамп, но неговото апсењето се чини дека ги зголемило шанси да ја добие републиканската номинација во 2024 година.

Според спроведена дводневна анкета во САД, околу 40 отсто од републиканците се изјасниле дека тоа ги прави поголеми шансите да гласаат за Трамп во 2024 година, додека 12 отсто рекле дека тоа ги прави помалку шансите да го поддржат. Другите 38 отсто истакнале дека се што се случило со Трамп немало влијание врз нивното мислење.

Трамп води во трката за републиканска номинација со голема разлика, а 58 отсто од републиканците изјавија дека тој е нивниот омилен кандидат. Тоа е повеќе од 48 отсто во спроведената анкета.

Сепак, 76 отсто од републиканците веруваат дека некои од органите за спроведување на законот работат на делегитимирање на Трамп преку политички мотивирани истраги, а само 18 отсто од републиканците, се изјасниле дека обвинувањата треба да го дисквалификуваат Трамп повторно да се кандидира за претседател.

Подготвено од М.Н.

About Author