srbija belgrad snezna bura

04.04.2023 Скопје

Во поголемиот дел од Србија утрово паѓа снег, а и во главниот град наврнаа околу 20 сантиметри снег. Во вечерните часови дождот на Златибор премина во силно снежно невреме, а снежна бура има и на Копаоник.

На подрачјето на западна и југозападна Србија и во Шумадија во сила е црвен метео тревог што значи дека времето е многу опасно, исто така и во Срем и Белград е вклучен портокалов метео аларм што укажува на опасно време.

Водостоите во Млава, Пеко, Нера и Брзава денеска ќе се зголемат и ќе се движат меѓу границите на редовна и вонредна заштита од поплави, предупреди Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ).

Можни се локални излевања на помалите поројни водотеци од овие сливови, соопштија од РЗМЗ.

Подготвено од М.Н.

About Author