28.04.2023 Скопје
Сојузот на железници и транспорт ЕВГ се заканува да го „парализира со недели“ железничкиот сообраќај во Германија, изјави Козма Ингештајн, која е членка на работничката организација.
Синдикатот соопшти дека Германските железници (ДБ) „не се заинтересирани за сериозни преговори“ за колективниот договор, и покрај двата штрајка што неодамна ги одржа ЕВГ за да добие понуда за плата што може да се преговара.
Ингешај истакна дека следните прекини на работа ќе траат подолго од претходните, при што ефектите ќе треба да бидат „помасовни за да го оштетат работодавецот“.
Ингештај го повикува синдикатот да продолжи со преговорите за колективниот договор што е можно побрзо. „Нашите вработени очекуваат пари, нашите патници очекуваат решенија“, истакна и главниот извршен директор на компанијата, Ричард Луц.
Извршниот директор додаде дека бараат од ЕВГ веднаш да ги продолжи преговорите и дополнително да не го продолжува колективното договарање.
Директорот за човечки ресурси на Германските железници, Мартин Зајлер, ја опиша понудата за плата на групата како највисока во нејзината историја. Станува збор за зголемување на платите за 10 отсто за лицата со ниски и средни примања и за 8 отсто за оние со најголеми примања.
Дополнително, предвидена е и инфлациона компензација премија од 2.850 евра за сите работници. Барањето на ЕВГ е 12 отсто повеќе плата и најмалку 650 евра месечно.
Подготвено од М.Н.