26.04.2023 Скопје
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски на Твитер објави дека имал долг и значаен разговор со Си.
„Верувам дека ова, како и назначувањето на украинскиот амбасадор во Кина, ќе дадат силен поттик за развојот на нашите билатерални односи“, рече Зеленски.
Веста дека кинескиот претседател разговарал со Зеленски ја пренесе и кинескиот државен медиум CCTV.
Ова е прв разговор меѓу двајцата лидери од почетокот на војната во Украина.
Подготвено од А.Ѓ.