shvedska evropa

26.04.2023 Скопје

Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека Шведска протерува пет руски дипломати поради активности кои не се во согласност со нивниот статус.

„Шведска го повика рускиот амбасадор и го информираше дека пет лица од неговата служба биле замолени да ја напуштат земјата поради активности кои не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението.

Во април минатата година Шведска протера тројца руски дипломати по почетокот на специјалната операција.

Норвешка на почетокот на месецот објави дека протерува 15 вработени во руската амбасада за кои Министерството за надворешни работи вели дека се припадници на разузнавачките служби под закрила на дипломатски места.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author