https://www.facebook.com/photo.php?fbid=702046147943376&set=pb.100044139924327.-2207520000.&type=3

14.04.2023 Скопје

На покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија, соопшти македонското МНР.

Покрај билатералните односи меѓу двете земји, централно место во разговорите се очекува да биде забрзувањето на пристапниот процес процес на Република Северна Макеоднија во Европската Унија, во светло на претстојното претседавање на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на годината. Во таа насока, предвидено е и потпишување на билатерален Меморандум за разбирање за развој на соработката во процесот на пристапување во ЕУ, соопшти МНР.

Освен средбата со својот домаќин, министерот Османи, шефот на шпанската дипломатија Албарез ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Посетата на Албарез на Република Северна Македонија е дел од неговата балканска турнеја. Тој завчера беше во Белград, вчера во Сараево, а денска пред Скопје ќе ја посети и Тирана.

Подготвено од М.Н.

About Author