08.04.2023 Скопје
Извршната директорка на организацијата Кристалина Георгиева изјави дека ММФ очекува низок економски раст на глобално ниво и во следните пет години.
Георгиева предупреди дека економската активност забавува во 90 отсто од индустријализираните земји и дека ќе биде на најниско ниво од 1990 година.
Според неа, Индија и Кина ќе бидат одговорни за половина од овогодишниот раст.
„Економската активност забавува и во еврозоната, каде каматните стапки ќе вршат притисок врз потрошувачката“, рече Георгиева. Исто така, додаде дека нема значителен економски раст без ценовна и финансиска стабилност.
Како што е најавено, ММФ во вторник ќе ја објави редовната пролетна економска прогноза.
Во март ММФ прогнозираше дека светската економија годинава ќе порасне за само 2,9 отсто поради последиците од војната во Украина и континуираната висока инфлација.
Подготвено од А.Ѓ.