13.04.2023 Скопје
Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја утрово истрелала проектил во морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров.
Ова лансирање доаѓа по два дена, откако севернокорејски државен медиум објави дека лидерот Ким Џонг Ун повикал на зајакнување на военото одвраќање на земјата на попрактичен начин за да се спротивстави на агресијата на САД.
Оваа информација ја потврди и Јапонската крајбрежна стража, која исто така соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета во близина на Корејскиот Полуостров.
Подготвено од М.Н.