https://www.flickr.com/photos/pivari/27521631404/in/photolist-2hLTQod-N6UWP5-2hLXAm1-VCEH6J-HVZybh-2hLXA61-5a5pZY-bVEsN9-5a1bbZ-HS1yhS-JDdEDy-71SLYn-PDNSZa-4zh8WT-ZrTnv3-zX2FFE-z4M1Qt-covbFW-zFy2ko-5a17X8-cowC8b-cowtKE-A8BwRU-zJ9xge-8zuHPw-cowDyY-5vfqV3-AKovnf-cowzzJ-ZrTjEd-cowvtW-coweeq-aXuYk2-cowt7Y-cowwgs-zX2HVQ-Z8kwq3-ep1YQ7-cowHm9-cowxFL-cowsvA-cov54s-MrpGK1-covfa3-ZrTnxN-ZrTmxm-ZrTmo3-Z8kwgW-Ztn3Pu-Ztn3w5

06.04.2023 Скопје

Вложувањата во осигурување живот надминаа 2,27 милијарди денари (37 мил.евра). Овој сегмент на осигурителниот пазар минатата година пораснал за 14 отсто во споредба со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Вложувањата во осигурување живот минатата 2022 година пораснале за 14 отсто, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра.

Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра.

Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента. Со него во случај на смрт, за времетраење на договорот, се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.

Заклучно со крајот на 2022 година во земјава животно осигурување имале 305.322 лица што е за речиси 45.000 лица односно 17 отсто повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период бројот на активни договори надминал 171.000 и е зголемен за 7 отсто.

Подготвено од М.Н.

About Author