https://www.facebook.com/photo/?fbid=701309371998481&set=pcb.701309435331808

13.04.2023 Скопје

Со финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, вложуваме во квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите, како и раст на економијата, изјави на прес-конференција министерот за Транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски истакна дека се воведуваат нови авиолинии со два нови авиопревозника – германската Луфханза и унгарската Визер, а дополнително се отворени и 5 нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје, со што од досегашните 41 дестинација, сега се 46 дестинации кои ќе оперираат од скопскиот аеродром.

Ова за Република Северна Македонија значи зајакнување на економските врски со европски и светски дестинации, носење на нови инвеститори, но и можност за брзо и непречено движење на нашите граѓани кои сакаат да патуваат, истакна министерот Бочварски.

Подготвено од М.Н.

About Author