baern munchen pod istraga

29.04.2023 Скопје

Медиумите во Германија јавуваат дека федералната полиција влегла во клупските простории на германскиот гигант, Баерн Минхен.

Во овој клуб се уште не е стивната бурата по промената на клупата, проблемите во соблекувалната и лошите резултати, а сега веќе се појави и нов проблем.

Полициските инспектори ја истражуваат наводната поврзаност на долгогодишниот функционер на Баерн, Ули Хенес со рускиот олигарх Алишер Усманов, кој важи за близок соработник на рускиот претседател.

Инспекторите сметаат дека Усманов често добивал гратис ВИП-влезници за најразлични настани и за натпреварите на Баерн. Ова било доволно за сомнеж кај истражителите, кои бараат поврзаност, односно документи со кои би се докажало дека во клубот се переле пари.

Контроверзниот Хенес веќе беше во затвор поради перење пари, а со Усманов биле во многу добри и блиски односи од претходно.

Подготвено од М.Н.

About Author