18.04.2023 Скопје
Именувањето на децата по земјата, градот или континентот во последно време стана вистински тренд кај родителите, тоа е мода која зеде замав.
И додека едни им даваат такви имиња на своите деца од љубов кон градот, други ги даваат поради местото на раѓање. Така британската дизајнерка Викторија Бекам во својата автобиографска книга објасни дека нејзиниот најстар син Бруклин Бекам го добил името по еден американски град.
“Отсекогаш ми се допаѓало тоа место. Мултикултурно е, со длабоки корени. А откако сфатив дека сум бремена во Њујорк, тоа име изгледаше соодветно за моето дете”, напиша дизајнерката.
Дека овој тренд постоел и порано, покажува примерот на 42-годишната американска богаташка Парис Хилтон, која според главниот град на Франција го добила името од нејзините родители, сопственици на ланецот хотели Хилтон.
Сега размислува и своето второ дете да го именува по својот омилен град.
„Возбудена сум што размислувам Феникс да добие сестра еден ден – Лондон. Тоа е мојот омилен град“, рече Париз.
Подготвено од А.Ѓ.