https://www.facebook.com/photo/?fbid=368933442083856&set=a.231255612518307

08.04.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје изрече вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се изречени и пет мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал, црвено светло.

Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author