https://www.facebook.com/photo/?fbid=746648423498972&set=pb.100044614621329.-2207520000.

03.04.2023 Скопје

Актуелната финска премиерка Сана Марин, лидерка на Социјалдемократската партија, го призна поразот на парламентарните избори на кои победи централнодесничарската Национална коалиција.

Според целосните резултати, врз основа на 98 проценти од преброените гласови, Националната коалиција ќе има 48 од 200 места во парламентот, пред Партијата на Финците (ПС) која освои 46 места и социјалдемократите со 43.

„Честитки за победниците, честитки за Националната коалиција, честитки за Партијата на Финците, демократијата проговори“, изјави 37-годишната Марин, обраќајќи им се на своите поддржувачи.

Најмладата шефица на владата во светот кога дојде на власт на крајот на 2019 година, Марин беше пофалена за доброто управување со пандемијата на Ковид-19 и процесот на пристапување во НАТО, како и за нејзиниот став против соседна Русија.

Парламентарните избори во земјата со 5,5 милиони жители речиси се совпаѓаат со приемот на Финска во НАТО, што се очекува да биде во наредните денови.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *