https://www.facebook.com/photo/?fbid=293940556108323&set=a.293940509441661

20.04.2023 Скопје

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ги повика Турција и Унгарија да го одобрат приемот на Шведска во НАТО што е можно побрзо, пред следниот самит на воениот пакт на почетокот на јули.

Американската војска ги јакне поморските и воздушните мисии во Шведска за да и покаже длабока поддршка, изјави американскиот министер по заканите кои на почетокот на април ги изнесе рускиот амбасадор во Стокхолм.

Шведска и земјите од НАТО се надеваат дека пречките ќе бидат отстранети пред самитот на Алијансата во Вилнус во Литванија на почетокот на јули, но во оваа ситуација изгледа тоа ќе оди тешко.

Аналитичарите сметаат дека многу ќе зависи од исходот на изборите во Турција на 14 мај, на кои претседателот Реџеп Таип Ердоган се кандидираше за нов мандат.

Шведска и Финска заедно ги поднесоа барањата за членство во НАТО минатата година по почетокот на руската инвазија на Украина, а засега е примена само Финска, додека приемот на Шведска го блокира Турција, но и Унгарија.

Подготвено од М.Н.

About Author