us ambasada BiH

12.04.2023 Скопје

Американската амбасада во БиХ ја објави изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик за отцепување од Босна и Херцеговина, наведувајќи дека тоа претставува антидејтонска акција која е неодговорна, опасна и штетна за интеграцијата на БиХ во евроатлантските институции.

„Според Уставот на Босна и Херцеговина, ниту ентитетот, ниту која било друга пониска административна единица немаат право да се отцепат, а САД нема да стојат настрана доколку Милорад Додик работи да поттикне нов конфликт во Босна и Херцеговина. Соединетите Држави ќе застанат да го заштитат територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина Реториката и заканите на Милорад Додик се обид да се оттргне вниманието од вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Република Српска : тековната кампања на властите да ги одземат основните слободи, нерешавањето на проблемот со поскапувањето на храната, сместувањето и транспортот и континуираните напори за оптоварување на иднината на Република Српска со хипотека преку неодговорно задолжување од страна на владата“, соопшти амбасадата.

Тие се осврнаа и на заканите на Додик дека ќе престане да соработува со НАТО алијансата.

„Во врска со заканите на Милорад Додик дека ќе ја прекине соработката со НАТО алијансата, го потсетуваме дека Законот за одбрана од 2005 година ги обврзува државните органи да спроведат активности неопходни за пристапување на Босна и Херцеговина во НАТО алијансата. Тоа вклучува одржување на силно партнерство и соработка со НАТО Милорад Додик нема овластување еднострано да го суспендира или менува овој или кој било друг закон“, велат тие.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author