belata kukja

12.04.2023 Скопје

Соединетите Држави соопштија дека нема докази кои укажуваат на тоа дека Египет и испорачува на Русија смртоносно оружје, откако објавен американски документ тврди дека Каиро тајно планирал да испорача ракети на Москва.

Египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси планирал да произведе 40.000 проектили за Русија, пишува американски медиум, кој цитира дел од строго доверлив документ од 17 февруари. Сиси, наводно, им наредил на официјалните лица да го чуваат производството и испораката во тајност за да спречат проблеми со западните земји.

„Не видовме индикации дека Египет и снабдува на Русија смртоносно оружје и способности“, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Кирби рече дека администрацијата на Бајден сака одговори што е можно поскоро за да утврди каде се случило прекршувањето.

Пентагон во петокот соопшти дека го истражува неовластено откривање на документи со печат на Здружениот Генералштаб и наводно припаѓаат на САД и НАТО. Тие беа споделени на социјалните мрежи, вклучително и Твитер и Телеграм.

Одделот за правда одделно отвори кривична истрага за истекувањето на податоците.

Администрацијата на Бајден постојано одбиваше да ја процени нивната автентичност, но тие вклучуваат информации за текот на конфликтот во Украина, хуманитарна помош обезбедена од различни земји и календари за доставување помош на силите на Киев.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author