https://api.ndla.no/image-api/raw/1024px-flag_of_nato.svg_.png?

19.04.2023 Скопје

Заменичката државен секретар во американскиот Стејт департмент, Венди Шерман изјави дека САД и НАТО сојузниците треба да останат во состојба на повишена спремност за знаците дека рускиот претседател може да употреби тактичко нуклеарно оружје во „менаџирана“ ескалација на неговата војна во Украина.

Шерман ова предупредување го изјави на годишната конференција на НАТО за контрола на оружјето која во Северна Америка се одржува за првпат откако оваа конференција се организира од 2004 година.

На отварањето на конференцијата зборуваше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој неодамна објавените планови на рускиот претседател, да стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ги нарече дел од еден обрзац на „опасна, неодговорна нуклеарна реторика“ која се повторува цела година.

Подготвено од М.Н.

About Author