13.04.2023 Скопје
Рускиот амбасадор во Белград, Александар Бочан-Карченко изјави дека Русија, која претседава со Советот за безбедност на ОН овој месец, ќе се заложи за дискусија за формирање на Заедницата на општините со мнозинско српско население на Косово.
Корченко исто така, посочува дека во пресрет на седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ со потполно право го нагласува проблемот со теророт на косовските албански радикали врз Србите.
Бочан-Карченко истакна дека европските посредници во дијалогот меѓу Косово и Србија, повторно ја покажале својата нечесност, бидејќи на барање на Приштина европските посредници започнаа со закани кон Белград и со санкции за неисполнување на некои митски меѓународни обврски кои наводно произлегуваат од предлозите на ЕУ за решавање на прашање на Косово, за кои се разговараше во Брисел и Охрид.
Подготвено од М.Н.