nuklearna podmornica

25.04.2023 Скопје

Две подморници на руската Пацифичка флота во Јапонското Море изведоа вежба за напад со торпедо против лажна непријателска подморница.

Службата за односи со јавноста на флотата соопшти дека вежбата се одржала во согласност со планот за борбена обука на флотата.

За време на вежбата, било симулирано непријателско слетување на рускиот остров Сахалин и неговите јужни Курилски острови, за кои Јапонија и Русија имаат територијален спор уште од крајот на Втората светска војна.

Подготвено од М.Н.

About Author