29.04.2023 Скопје
Полското Министерство за надворешни работи соопшти дека денеска е запленета зградата на руската гимназија во Варшава.
„Таа зграда отсега им припаѓа на градските власти на Варшава“, изјави Лукаш Јасина, претставник на министерството по запленувањето од страна на судските извршители во име на градските власти.
Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, изјави дека тоа е „незаконски чин“ и дека Русија ќе возврати врз основа на „принципот на реципроцитет“.
Подготвено од М.Н.