26.04.2023 Скопје
Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска замина во посета на Велика Британија. Посетата ќе биде фокусирана на спортот и потпишувањето на договорот со кој се предвидува изградба на една од најелитните спортски академии во Албанија, што Рама го најави пред неколку дена во Драч.
Рама изјави дека „се работи на договор да се донесе во Драч една од најелитните фудбалски академии на еден од најважните тимови во целиот свет”.
Според медиумите во Албанија, станува збор за академија на Манчестер Сити. Во таа насока, се очекува албанската делегација за време на нивната посета да оствари средба и со претставници на фудбалскиот клуб Манчестер Сити.
Подготвено од А.Ѓ.