27.06.2023 Скопје
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не размислува за проширување на Европската унија без Србија.
„Албанија е доволно почитуван глас на Западен Балкан кој вели дека Србија треба да ја држиме многу блиску и мораме да направиме се за да бидеме политички обединети“, рече Рама.
„Од друга страна, секако дека има разлики бидејќи Србија не ја санкционираше Русија од јасни причини кои во одреден момент мора да се сфатат како причини од политички и историски карактер, но и од прагматичен карактер“, додаде премиерот на Албанија.
На прашањето дали е можно да се замисли Европска Унија во која ќе бидат вклучени Албанија и другите балкански земји без Србија, Рама рече дека според него тоа не е можно.
Подготвено од А.Ѓ.