https://www.facebook.com/photo.php?fbid=758591602298846&set=pb.100044440389228.-2207520000.&type=3

24.04.2023 Скопје

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, пред бугарските медиуми изјави дека само со дијалог Бугарија може да излезе од оваа сложена политичка ситуација.

„Политичката ситуација на државата е доволно сложена и бара многу внимателен пристап, дијалог и здрав разум од сите одговорни фактори“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

„За разлика од претходните, ова 49 Народно собрание не може да си го дозволи луксузот да не донесува критички важни закони, дури и да нема влада“, додаде претседателот на Бугарија.

Подготвено од М.Н.

About Author