otvorena najgolemata solarna elektrana vo srbija

06.04.2023 Скопје

Денеска беше пуштена во употреба најголемата соларна централа во Србија, со моќност од 9,9 мегавати, која годишно ќе произведува 15.000 мегават-часови електрична енергија, што е доволно за околу 2.100 домаќинства.

Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека електраната „ДеЛсол“ е изградена од компанијата „Мт-Комекс“, се наоѓа во општина Лапово и се простира на 12,5 хектари.

За нејзината изградба се користени бифацијални соларни панели кои имаат можност да произведуваат електрична енергија од двете страни на панелот, поради што произведува поголема количина на електрична енергија.

Министерката Дубравка Ѓедовиќ на отворањето на соларната централа истакна дека таа е пример како користењето на сончевата енергија истовремено може да ја подобри безбедноста во снабдувањето со електрична енергија и да ја заштити животната средина.

Подготвено од М.Н.

About Author