24.04.2023 Скопје
Со настан организиран од ТАВ Македонија вчера, на скопскиот аеродром, по повод отворањето на новата авиолинија Франкфурт – Скопје со германската авиокомпанија „Луфтханза“, се означи влезот на авиокомпанијата на македонскиот пазар.
На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт го пречекаа министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија, Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.
Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата, и авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно.
Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.
Подготвено од М.Н.